Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитри Медведев, на Твитер реагираше на изјавата на францускиот министер кој рече дека „на Русија ѝ е објавена економска војна“.
– Денес некој француски министер изјави дека ѝ објавиле економска војна на Русија. Внимавајте на јазикот, господа! И не заборавајте дека во историјата економските војни често се претворија во вистински – истакна Медведев.