More

    Првата нуклеарна проба на Северна Кореја од 2017 година би можела да се изврши меѓу 16 октомври и 7 ноември

    spot_img

    Првата нуклеарна проба на Северна Кореја од 2017 година би можела да се изврши меѓу 16 октомври и 7 ноември, јави јужнокорејската агенција Јонхап, повикувајќи се на официјални претставници од Националната разузнавачка агенција.

    Подготовките за нуклеарното тестирање се завршени во севернокорејскиот тунел Пунџе-ри, каде досега беа извршени шест подземни нуклеарни проби од 2006 до 2017 година, јави јужнокорејската агенција.

    Јонхап додава дека времето за тестирање на нуклеарниот материјал најверојатно ќе биде одредено од настаните во Кина, главниот сојузник на Пјонгјанг, и во САД, неговиот најголем ривал.

    – Доколку Северна Кореја изврши нуклеарна проба, тоа би можело да биде меѓу 20-тиот Конгрес на кинеската Комунистичка партија, закажан за 16 октомври, и среднорочните избори во САД, закажани за 7 ноември – изјави претставникот на Националната разузнавачка агенција, Јо Санг-бум.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img