More

    Вонреден состанок в петок бараат 15 земји членки на ЕУ

    spot_img

    Воведување ограничување на големопродажната цена на природниот гас, бараат 15 земји-членки на Европската унија преку писмо испратено до комесарот за енергетика Кадри Симсон и додаваат дека на вонредниот состанок в петок на министрите за енергетика на Унијата очекуваат конкретен предлог во оваа насока, јави дописничката на МИА од Атина.

    Писмото го објави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а потписници се министрите за енергетика на Грција, Хрватска, Франција, Бугарија, Белгија, Италија, Летонија, Литванија, Малта, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија и велат дека ги признаваат напорите на Комисијата и мерките што ги предложи за соочување со „енергетската криза што предизвикува неодржливи инфлациски притисоци” кои силно ги погодуваат домаќинствата и бизнисите, „но, сега треба да се справиме со најсериозниот проблем од сите: големопродажната цена на природниот гас”.

    „Ограничувањето на цените што од почетокот го бараа сè поголем број земји- членки е единствената мерка што ќе ѝ помогне на секоја земја да го ублажи инфлацискиот притисок, да управува со очекувањата и да обезбеди рамка во случај на потенцијални нарушувања на снабдувањето и да ги ограничи дополнителните профити во секторот. Плафонот треба да се примени на сите трансакции со природен гас на големо, а не да биде ограничен само на увоз од одредени јурисдикции“, пишуваат министрите во писмото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img