More

    Честитки со пораки за сплотеност

    spot_img

    Претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Собранието Талат Џафери денеска упатија честитка до припадниците на бошњачката заедница во земјава по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците.

    „Овој ден е еден од важните празници што го симболизираат богатството од етнички, верски, јазични и културни идентитети под македонското небо. Во нашата заедничка татковина, Република Северна Македонија, ние различноста на идентитетите ја разбираме не како слабост, туку како наша најголема сила и вредност. Оттука, одбележувајќи го Меѓународниот ден на Бошњаците, ние вложуваме во нишката на инклузивноста што ги држи различните етникуми заедно и во добро и во лошосе наведува во честитката од Пендаровски.

    Шефот на државата посочува дека најголем успех на државата е ако сите нејзини граѓани, независно од нивниот идентитет, ја чувствуваат како своја татковина и ако преку своите засебности придонесуваат кон општото добро.

    „Горди сме што вие, Бошњаците сте интегрален дел од македонското општество, но и важна врска на Северна Македонија со држави во кои живеат ваши сонародници. Верувам дека само сплотени ќе ги надминеме сите здравствени, политички и економски предизвици и ќе ја оствариме визијата за стабилна и просперитетна Република Северна Македонија. Дозволете, уште еднаш, да ви го честитам 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците и да ви посакам многу здравје, радост и бериќет, се наведува во честитката од претседателот Пендаровски.

    Честитката на Џафери од негово лично име и од име на пратениците во Собранието е со желба празничниот ден да помине во добро здравје и расположение, во семејна благосостојба и напредок на најмилите.

    Според Џафери, ова е веројатно најтурбулентниот период од последната светска историја и веројатно текот и развојот на настаните ќе остави глобални последици по светскиот мир и демократија.

    „Заканите по здравјето и економијата секако ги почувствувавме, меѓутоа, предизвиците сигурно не завршуваат тука. На повидок е фаза на повторно тестирање на нашата сплотеност, подготвеност и искуство како држава, како институции и како граѓани на Република Северна Македонија во надминување на тешкотиите и изнаоѓање решенија прифатливи за сите. Затоа, со целосно разбирање и почит на различностите како јазикот, културата, фолклорот и традицијата на секоја етничка заедница која е неделив дел од јадрото на нашата заедничка држава, да бидеме пример за тоа како се гради мултиетничко, мултикултурно и мултиконфесионално општество, заеднички дом за сите. Само така ќе ја оствариме нашата заеднички цел да имаме сигурна и безбедна иднина за нашите идни поколенија, наведува Џафери во честитката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img