Силвио Берлускони, лидерот на екстремно десничарската партија „Форца Италија”, успеа да освои место во италијанскиот Сенат на вчерашните избори во Италија како дел од десничарската коалиција.
Осумдесет и петгодишниот Берлускони е избран од Монца, централна Италија. Таму тој е сопственик на локалниот фудбалски тим. Ова е негова деветта изборна кампања, а во неа тој на ТикТок собра 600.000 следбеници.
Пред девет години Берлускони беше осуден за фискална измама, а дел од казната беше одредено време да не може да се кандидира на избори. Казната истече во 2018 година.
Берлускони, кој беше четири пати премиер на Италија, неодамна имаше и здравствени проблеми. Поради ковид-19 тој беше хоспитализиран во септември 2020 година.