Не ја фрлајте кората од банана: Има многу здравствени придобивки!

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Нутриционистката Сузи Бурел на својот блог открила дека кората од банана не треба да ја фрламе, туку да ја внесуваме во исхраната.

Имено, кората од банана има одлични својства бидејќи содржи многу влакна кои влијаат на слабеењето, потоа има витамин Б и витамин Ц кои имаат моќ да ја разубават кожата, а кората од банана го подобрува и внесот на магнезиум и калиум, јавува Вечерњи.хр.

Сепак, Сузи не советува кората да се јаде сирова, туку да се додаде во некои јадења. Таа предложи и неколку идеи кои можат да послужат како совршен појадок или ужина, а друга предност е што можете да ги подготвите ден претходно и да ги однесете на работа и да имате повеќе време за време на напорното утро.

Нутриционистот го сподели рецептот. Варете ја кората од банана додека не омекне и додадете ја во смути, кари или колачи. Нема да го промените вкусот на садот, туку ќе додадете волумен.

„Доколку правите смути, ставете ја целата банана и краевите од кората што претходно ситно сте ја исецкале. Сварената кора можете да ја додадете на мафини и леб од банана“.

Share This Article