Директорот на Фајзер фати ковид по втор пат за два месеца

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла (60) соопшти дека е позитивен на тестот за ковид по вторпат.

– Се чувствувам добро и немам никакви симптоми – рече Бурла.

Во август Бурла за прв пат имаше коронавирус и почна да го пие лекот „паксловид против ковид-19, развиен од неговата компанија.

Тој примил четири дози од вакцината против ковид развиена од Фајзер и германскиот партнер Бионтек.

Бурла рече дека сè уште не го примил новиот бивалентен бустер.

– Не примив бивалентен бустер, ги следев упатствата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) да чекам три месеци, бидејќи претходно имав ковид во средината на август – објасни Бурла.

Таканаречените бивалентни дози, развиени од Модерна и тимовите од Фајзер и Бионтек, се насочени кон подсоевите на Омикрон БА. 5 и БА. 4, кои во моментов претставуваат 84,8 отсто од инфекциите со коронавирус во САД, според најновите податоци.

Share This Article