Флојд Мејведер Јуниор одржа ревијален меч против јапонскиот ММА борец Микуру Асакура

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот светски шампион во бокс во пет тежински категории, Флојд Мејведер Јуниор (50-0) одржа ревијален меч против јапонскиот ММА борец Микуру Асакура. Борбата заврши во втората рунда кога Американецот со десно кроше го испрати Јапонецот на подот.

Победата над Асакура беше четврта за Мејведер во ревијалните борби.

Мејведер ја заврши својата професионална боксерска кариера во 2017 година кога го победи Конор Мек Грегор во Лас Вегас, САД. Ирецот загуби со технички нокаут во 10. рунда.

– Само од овој меч ќе заработам некаде над 15-20 милиони долари. Тоа е само од оваа борба. Значи, одлично е. Девет минути, 20 милиони долари, не е лошо – изјави 45-годишниот Мејведер за „Дејли мејл на прашањето зошто се врати во рингот.

Петнаесет години помладиот Асакура, го претрпе четвртиот пораз во својата 20-та борба.

 

Share This Article