Дури 30 часа се чека за излез од Русија на руско-грузиската граница, а колоната е долга 14 километри, сугерира ново видео на Твитер. Русите панично бегаат од мобилизација додека Кремљ тврди дека вестите за масовно бегање се шпекулација.
Колоните автомобили се регистрирани на границите на Русија со Казахстан, Монголија, Финска и со Грузија, за што сведочат бројните снимки од граничните премини.