More

    Делумната мобилизација е натамошна ескалација на конфликтот во Украина

    spot_img

    Откако рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација, пристигнаа и првите реакции на западните земји, кои тоа најмногу го оценија како „ескалација на конфликтот“.

    – Делумната мобилизација на резервистите нарачана од Русија е натамошна ескалација на конфликтот во Украина, на што германската влада размислува за одговор – изјави денеска германскиот вицеканцелар Роберт Хабек.

    Тој рече дека тоа е „уште еден лош и погрешен чекор на Русија, за кој, се разбира, ќе разговараме политички и ќе се консултираме како да одговориме“, пренесува Ројтерс.

    Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак денеска оцени дека најавената делумна мобилизација во Русија е „предвидлив чекор“ кој ќе се покаже како крајно непопуларен.

    Подољак смета дека војната во Украина не се одвива според планот на Москва.

    Во пораката до Ројтерс, тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја префрли вината на Западот за започнување на „непредизвикана војна“ и за влошување на економската ситуација во Русија.

    Британското Министерство за надворешни работи предупреди дека мобилизацијата на војниците на Владимир Путин и неговата страшна нуклеарна закана е „загрижувачка ескалација“ што треба да се „сфати многу сериозно“, пишува Дејли Мејл.

    Министерот за надворешни работи на Велика Британија

    Џилијан Киган, секретарот за надворешни работи, призна дека Западот „не го контролира тиранинот“ и се обиде да бара смиреност и покрај застрашувачките закани.

    Чешка: Ова е обид за дополнителна ескалација

    Премиерот Петр Фијала рече дека делумната мобилизација е „обид за понатамошна ескалација на војната што ја започна Русија против Украина“. Тој рече дека тоа е „уште еден доказ дека Русија е единствениот агресор“.

    – Неопходно е да и помогнеме на Украина, а во наш интерес мора да продолжиме со тоа – рече Фијала.

    Валас: Никакви закани и пропаганда не можат да го скријат фактот дека Украина победува

    Никакви закани и пропаганда не можат да го скријат фактот дека Украина победува, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас, кој смета дека изјавите на Владимир Путин утринава се признание дека неговиот план во Украина пропаѓа.

    – Тој и неговиот министер за одбрана испратија во смрт десетици илјади нивни лошо опремени и лошо водени граѓани. Ниту една пропаганда не може да го скрие фактот дека Украина победува во оваа војна, дека меѓународната заедница е обединета – додаде тој.

    Папата го осуди „дивјаштвото” во Украина

    Папата Франциск утринава изјави дека Украина е „маченик”, откако Владимир Путин потврди дека денеска ќе бидат мобилизирани руските резерви.

    Папата не ги именуваше Путин или Русија, но го осуди „дивјаштвото, монструозноста и тортурата” што се случуваат во Украина.

    Герашенко: Путин е во агонија, ги фрли сите карти, ова ќе заврши со немири во Русија

    Путин е во агонија. Ги фрли сите карти на маса. Направи се за да избегне мобилизација, знаеше дека анкетите покажуваат дека овој потег има поддршка од само десет проценти”, објави Антон Герашенко, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, коментирајќи ја одлуката на рускиот претседател за делумна мобилизација.

    – Кога овие набрзина мобилизирани луѓе ќе се вратат од војната, тие ќе ја дестабилизираат Русија и ќе ја фрлат во превирања – напиша тој.

    – Никој не може да го запре тркалото на историјата. Фрлајќи ги сите овие луѓе во војната против Украина, Путин само ќе се приближи до својот крај. Ништо не се менува за Украина. Продолжуваме да одиме напред и да ги ослободуваме нашите територии. Западот продолжува да не поддржува. Слава на Украина – додаде Герашенко.

    Рускиот претседател Владимир Путин денеска објави делумна мобилизација во земјата со цел да се зголеми бројот на војници во воениот конфликт во Украина.

    Во обраќањето што го пренесе руската телевизија Прва, Путин рече дека веќе го потпишал указот за делумна мобилизација, која ќе започне денеска.

    Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека делумната мобилизација што ја најави Путин се однесува на лица со воено искуство и рече дека ќе бидат повикани 300.000 резервисти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img