Бран банкротства во Германија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ненадејниот пораст на цените на енергијата доведе до банкрот неколку стотици компании во Германија во август, предупреди економскиот институт IWH, а банките очекуваат значително поголем износ на нефункционални кредити во следната година.

Во август стечај се пријавиле 718 фирми, четвртина повеќе од лани, а институтот проценува дека иста стапка на раст ќе биде забележана и во септември.

Во октомври може да се искачи до 33 отсто, ако се спореди бројот на стечајци со истиот период лани, оценува институтот.

„По долг период на ниски бројки на банкротирани компании, трендот драматично се промени“, рече Штефен Мулер од IWH.

Германското стопанско здружение БДИ предупреди на „голема рецесија“. Во истражувањето спроведено меѓу 593 компании, повеќе од една третина од нив изјавиле дека им се заканува неуспех поради високите цени на енергијата. Во февруари, кога почна војната во Украина, ваква проценка дадоа 23 отсто од нив.

Музеј на индустријата?
Индустриската група VKU, исто така, изрази загриженост, предупредувајќи дека локалните комунални претпријатија се изложени на ризик од неликвидност поради високите цени на енергијата и потенцијалните проблеми со плаќањето на клиентите.

Шефот на здружението за хемиска индустрија VCI во вторникот предупреди дека се поскапата енергија може сериозно да ја загрози конкурентноста на Германија.

„Чекорот од водечката индустриска нација во светот до музеј на индустријата никогаш не бил толку мал“, изјави за Ројтерс шефот на VCI, Волфганг Гросе Ентруп.

Истражувањето на водечките кредитни институции во август покажа дека нефункционалните кредити во Германија следната година ќе пораснат на 37,6 милијарди евра, од 31,9 милијарди оваа година.

- Advertisement -
Ad image

Сомнителни споредби
„Нашите корпоративни клиенти не доживеаја бран банкротства за време на пандемијата“, рече Хелмут Шлевеис, претседател на Германското здружение за штедење, на неодамнешната банкарска конференција.

„Денес, сепак, тоа веќе не може да се исклучи, само што обемот (на банкротите) сè уште не може да се квантифицира“, посочи тој.

Кристоф Шаласт, професор на Факултетот за финансии и менаџмент во Франкфурт, рече дека нефункционалните заеми не пораснале значително за време на пандемијата бидејќи државата им помагала на компаниите со програми за поддршка.

- Advertisement -
Ad image

„Сепак, ситуацијата драстично се промени. Сега имаме други фактори, како што се инфлацијата, прекините на синџирот на снабдување, војната во Украина и зголемувањето на каматните стапки“, рече тој.

Дел од експертите предупредуваат дека не треба да се извлекуваат погрешни заклучоци од бројките кои покажуваат зголемување на бројот на стечајци.

Тие може да изгледаат лошо сега бидејќи беа вештачки намалени за време на пандемијата, во 2020 и 2021 година, кога владата ги поддржа компаниите кои се борат со државна помош и го суспендираше законот што ги обврзува да поднесат барање за несолвентност, објаснуваат тие.

Share This Article