Мора да го пријавите оружјето ако сопственикот почине

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во случај на смрт на сопственикот на оружјето, членовите на неговото семејство и другите лица кои со него живееле во исто семејно домаќинство се должни во рок од 30 дена од смртта на лицето да го предадат оружјето и муницијата на надлежниот орган или најблиската полициска станица, за што се издава потврда, соопшти МВР.

Лицето кое наследило оружје може во рок од два месеца по завршување на оставинската постапка да поднесе барање за издавање на дозвола за оружјето или оружјето да го оттуѓи согласно членот 35 на овој закон односно: „Оружје може да се продаде само на лица кои поседуваат одобрение за набавување на оружје, издадено согласно со овој закон, односно на правно лице овластено да врши промет со оружје, делови за оружје и муниција.

Физичките лица кои купиле оружје се должни во рок од осум дена од денот на склучувањето на договорот за купопродажба, да го достават купеното оружје заради пробни испукувања на проектили до надлежниот орган.

Кога барањето од ставот 2 на овој член нема да биде поднесено во предвидениот рок, или кога барањето е одбиено, оружјето и муницијата се одземаат и со нив се постапува согласно членот 44 на овој закон, а кога оставителот нема наследници, се постапува според членот 45 на овој закон.

Судот надлежен за расправање на оставината го известува надлежниот орган за секое решение со кое се наследува оружје.

Со парична казна до 250 евра или со казна затвор до 60 дена ќе се казни за прекршок физичко лице кое по смртта на сопственикот на оружјето, во пропишаниот рок нема да го предаде оружјето и муницијата (член 39 став 1).

Share This Article