Русите повторно ја гаѓаа нуклеарката во Запорожје

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинскиот нуклеарен оператор Енергоатом денеска ја обвини Русија за повторно бомбардирање на локацијата на нуклеарната централа Запорожје, најголема во Европа.

– Во текот на ноќта руските терористи повторно ја бомбардираа нуклеарната централа во Запорожје – соопшти „Енергоатом на Телеграм.

Во бомбардирањето бил оштетен далновод што предизвикало застој на неколку трансформатори на реакторот број шест и краткотрајно стартување на единицата за итни случаи, соопшти Енергоатом.

– Дури и присуството на инспектори од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) не ги спречува Русите – се вели во соопштението.

„Енергоатом апелираше до МААЕ да преземе „порешителна акција против Москва.

Share This Article