Речиси една третина од возачите не го препознаваат ова светло во својот автомобил

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дали ги знаете сите симболи и светла кои светат на контролната табла во вашиот автомобил?

Еден сајт спроведе истражување според кое најпрепознатлива икона на таблата со инструменти е знакот за ниско ниво на гориво во резервоарот, што го препознале 91 отсто од испитаниците, пренесува Вечерњи лист.

Но, изненадувачки е што 35 отсто од испитаниците не го препознале знакот за ABS системот, 32 отсто не го препознале симболот за низок притисок во гумите, а 29 отсто не го препознале индикаторот за воздушни перничиња.

Резултатите се уште полоши за електричните и хибридните возила, кои имаат уште поспецифични симболи. Симболот на „електричен дефект“ не го препознале повеќето испитаници – дури 80 проценти.

Оваа икона, која предупредува на дефект на батеријата, моторот или жиците, ја има само кај електричните автомобили, па донекаде е разбирлива, бидејќи повеќето возачи во ЕУ сè уште немаат директен контакт со електричните автомобили.

Share This Article