Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (41) драстично го промени својот изглед во последните неколку месеци. Нејзиниот процес на слабеење започна со цел да се вклопи во фустанот на Мерилин Монро за Мет Гала, а многумина сега забележаа по нејзиното појавување во емисијата на Џејмс Корден дека нејзините карактеристични облини исчезнале.
Старлетата која беше позната по своите атрактивни облини на малите екрани се појави послаба од кога било. Обожавателите на Ким претходно ја пофалија нејзината бујна биста, а сега се прашуваат дали старлетата ги намалила градите и задникот.
– Нејзините гради сега изгледаат многу помали – коментираат фановите на Твитер.
– Што се случи со нејзините гради? – прашаа следбениците на старлетата.
Многумина забележаа, освен помалите гради, дека Ким веќе го нема ни задникот со кој го привлекуваше вниманието. Обожавателите заклучиле дека реалити ѕвездата се подложила на операции за да ги отстрани градите и задникот за да изгледа што послабо.
На некои не им се допаѓа како изгледа Кардашијан сега, а коментираа и дека изгледа многу несреќно.
– Изгледа болно, не ми се допаѓа колку ослабела. Ги отстрани и задникот и градите, изгледа многу тажно – коментираат фановите и додале дека Ким се опседнала со килограмите.
Други, пак, се воодушевени од нејзиниот „нов“ изглед.
– Оваа верзија на Ким Кардашијан ми е најдобра досега, изгледа среќно и здраво – напишале фановите.
Да потсетиме, Ким неодамна документираше тест што го направила, а со кој се мери нејзината густина на коските и процентот на маснотии во телото, откривајќи дека сега е во категоријата на спортисти.
ФОТО: Инстаграм/Твитер