Цените на енергијата предизвикаа нов рекорд на растот на производствените цени во Германија. Без цените на енергијата, производствените цени се повисоки за 14 отсто.
Федералната статистика (Дестатис) објави дека во август производните цени на германската индустрија се зголемиле за 45,8 отсто во однос на истиот месец лани. Ова според германските медиуми, е најголемо зголемување од 1949 гдина кога рекордот бил 37,9 отсто.
Во однос на јули во август производните цени се зголеменни за 7,9 отсто.
Цените на енергентите во август беа повеќе од двојно повисоки од истиот месец лани. На месечно ниво се зголемени 20,4 отсто. Струјата поскапела речиси четири пати за дистрибутерите, а гасот е три пати поскап од август минатата година.