Едно лице загина во тешка работна несреќа што се случила во раните попладневни часови, кусо извести во вторникот сплитската полиција.
Според првите информации од терен, несреќата се случила околу 13 часот и 20 минути во месноста Мејаш, при што на градилиштето загинал работник.
„Местото на настанот е обезбедено, информирани се надлежното Државно правобранителство и Инспекторатот за заштита при работа. Ќе следи истрага и ќе се утврдат околностите на повредата“, изјави Жељка Радошевиќ од сплитската полиција.