Погледнете ја новата рута на движење

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

ЈСП Скопје информира дека од утре, (21.09.2022), поради градежни зафати и затворање на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, на потегот од кружниот тек до раскрсницата со булевар Св. Климент Охридски, линиите 4А, 5 и 5А, ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

Затворањето на улицата ќе се одвива фазно.

Во првата фаза, ќе бидат затворени само сообраќајните ленти во правец кон Ѓорче Петров.
Во таа фаза, возилата од центар, од улицата Димитрие Чуповски, ќе вртат лево по булеварот Св. Климент Охридски, кај Дом на печат ќе вртат десно по улица Св. Кирил и Методиј, па на кружниот тек ќе продолжуваат по своите редовни траси.

При посочениот режим, како времена автобуска постојка во правец кон Ѓорче Петров, ќе се користи просторот кај металните косини на тротоарот кај АМСМ.

Во втората фаза, ќе бидат затворени сообраќајните ленти од кружниот тек кон централното градско подрачје. Во таа фаза, возилата од кружниот тек ќе продолжуваат по улица Св. Кирил и Методиј, кај Дом на печат ќе вртат лево по булевар Св. Климент Охридски, потоа ќе продолжуваат по улица Димитрие Чуповски по своите редовни траси.

При посочениот режим, како времена автобуска постојка ќе биде делот после раскрсницата со улицата Народен фронт, односно третата канделабра после раскрсницата.

Исто така, од утре, линијата 24 во реонот на Кисела Вода ќе сообраќа по изменет режим од вообичаениот, поради затворањето на улица Димо Хаџи Димов, од вкрстувањето со улица Божидар Аџија до вкрстувањето со улица Народни херои, на која ќе се изведуваат градежни работи.

Во правец од Центар кон Кисела Вода, од улица 11 Октомври (постојка Зелен пазар) возилата ќе продолжуваат право по улица 11 Октомври по траса на линија 58, па по улица Борис Трајковски до вкрстувањето со улица Народни херои, потоа ќе вртат десно по улица Народни херои, на семафорот ќе вртат лево и ќе продолжуваат по својата редовна траса.

На изменетата траса возилата ќе ги користат постојките од линија 58.

- Advertisement -
Ad image

Во обратен правец, од Кисела Вода кон Центар, возилата ќе сообраќаат по трасата на линија 58 се до крстосницата со булевар Кочо Рацин, потоа ќе продолжуваат по својата редовна траса.

На изменетата траса возилата ќе ги користат постојките од линија 58.

Изменетиот режим ќе важи во наредниот период, се до завршување на градежните работи на улиците.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article