Ако забележите некој од овие симптоми на срцев удар, веднаш побарајте помош.
Некои срцеви удари се ненадејни и интензивни, но многу почнуваат бавно, со блага болка или непријатност. Обрнете внимание и побарајте помош доколку ги почувствувате овие симптоми.
1. Непријатно чувство во градите
Многу срцеви напади вклучуваат и чувство на непријатност во градите, кое трае повеќе од неколку минути или може да исчезне, а потоа повторно да се појави. Тоа вклучува чувство на непријатен притисок, стискање или болка.
2. Непријатност во горниот дел од телото
Симптомите може да вклучуваат болка или непријатност во едната или двете раце, грбот, вратот, вилицата или стомакот, пишува Heart.org.
3. Скратен здив
Скратен здив може или не може да биде придружена со непријатност во градите.
4. Други знаци
Други знаци вклучуваат ладна пот, гадење или вртоглавица.
Симптомите се разликуваат кај жените и мажите
Како и кај мажите, најчестиот симптом на срцев удар кај жените е болка во градите (ангина) или непријатност. Но, жените имаат малку поголема веројатност од мажите да искусат некои од другите вообичаени симптоми, особено отежнато дишење, гадење/повраќање и болки во грбот или вилицата.
Научете да ги препознавате знаците на срцев удар и не заборавајте дека дури и да не сте сигурни дека се работи за инфаркт, треба да се консултирате со лекар, бидејќи во овој случај минутите се многу важни и можат да ви го спасат животот.