Фитнес тренерот на Федерер: Во јули знаевме дека е готово

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пјер Паганини, кондициониот тренер на Роџер Федерер, истакна дека сопственикот на 20 Грен слем титули и најпопуларниот тенисер на денешницата уште во јули знаел дека е време да ја заврши кариерата.

Швајцарецот пред некој ден објави дека се повлекува од спортот и дека последен турнир ќе му биде егзибициониот натпревар Лејвер куп, кој ќе се игра од петок до недела во О2 арената во Лондон.

„Во јули веќе знаевме дека е готово. Се обидовме да му ја продолжиме кариерата со комбинирање на различни елементи на тренинзите, но не успеа“, изјави Паганини.

Последниот официјален турнир на кој Роџер играше беше Вимблдон минатата година. Неизвесно е дали воопшто ќе игра на својот проштален турнир.

„Тој ќе одлучи во последен момент. Последниве денови тренира, ќе види како ќе се чувствува. Сите сме возбудени поради тоа што се случува во Лондон. Верувам дека ќе излезе на теренот и дека публиката ќе има можност да го поздрави“, изјави Паганини.

Фитнес експертот зборуваше и за Федерер како личност.

„Тој е неверојатно љубезен. „Можете да доведете било која личност пред него и Роџер ќе разговара со него најискрено и ќе направи се за да се чувствува удобно во негово друштво“, изјави Паганини.

Федерер пристигна во Лондон и во друштво на Стефанос Циципас и тренерот на Тим Европа Бјерн Борг го одработи првиот тренинг во О2 Арената.

Share This Article