Вучиќ добил предлог-договор од 13 точки за решение меѓу Белград и Косово

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Не можеме да прифатиме дека Косово е дел од Обединетите нации“.

Вака изјави српскиот претседател Александар Вучиќ од Њујорк каде беше објавено дека добил предлог за решение за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, лист со 13 точки. Вучиќ вели дека го одбил предлогот и дека „не требало воопшто да го земе тој лист“, јавува Б92.

– Да кажам дали е точно сѐ што е објавено, не можам, не се сетив на сѐ што пишуваше на тие четири страници. Знаев дека не требаше да го земам тој труд – изјави Вучиќ.

Според Вучиќ, Србија ќе има проблеми дури и да го прифати предлогот на Западот, но ќе има и ако не го прифатиме.

– Ако го прифатиме тој предлог, тоа значи дека никогаш нема да можеме да ја исфрлиме Приштина од ОН, иако не се бара формално признавање. Ако ова е мал проблем, не знам што би можело да биде поголемо. Ако не прифатиме, како што велат Хрватите утринава, Вучиќ и Србија ќе бидат изолирани. Мислам дека не е лесно, но не гледам друга можност. Сè си има свои последици, како она што го загубивме во 1999 година, 2004 година, во 2008… Пред нас е многу комплицирано време и ќе мора да донесеме важни одлуки – додаде Вучиќ.

– Ние ќе продолжиме да ја работиме нашата работа, а Албанците ќе си ја работат својата работа. Нашата позиција е тешка – додаде Вучиќ.

– Луѓето мислат дека треба само да се опцуе нечија мајка и дека продолжуваме понатаму. Но, треба да размислиме што ќе јадеме. Тие јасно ги поставија работите и ни велат дека Путин изградил ѕид и бараат од нас да заземеме страна. Ние не сакаме фа бидеме до никаков ѕид. Ова дополнително ни ја комплицира ситуацијата. Не живееме на помирно место, туку на раскрсница – истакнува Вучиќ.

Српскиот претседател најави дека во Обединетите Нации ќе се обрати на англиски јазик и тоа веднаш по украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Донесовме одлука да зборуваме на англиски и да ги разработиме деталите… Ќе бидеме подготвени за тоа. Тие го натераа Зеленски да зборува, а потоа и говорникот од Конго и јас. Ќе биде интересно и ќе обрнат внимание бидејќи јас ќе зборувам по шефот на државата Украина, има мала празнина – изјави Вучиќ за ТВ Пинк.

- Advertisement -
Ad image

– Суштината е во содржината и тоа ќе ја мачи Србија. Говорот ќе биде поделен на пет точки – додаде српскиот претседател.

Меѓу другото, Вучиќ се пофали дека добил понуда од една држава за залихите на храна на Србија.

– Само една западноафриканска земја понуди 600 милиони долари за да ги купи речиси сите наши резерви на храна – рече тој.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article