Пристигна нов член на семејството со кој ќе бидеме во чекор! Најмладата од сестрите од кланот Кардашијан-Џенер, милијардерката и една од ѕвездите на реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“, го роди второто дете.
Славната старлета Кајли Џенер (24) и раперот Тревис Скот (30) го добија своето второ дете на 2 февруари, ден по четвртиот роденден на нивната ќерка Сторми.
Кајли сподели црно-бела фотографија на која се гледа како го држи за рака своето новороденче, а во описот го истакнала само датумот на нејзиното раѓање – 2.2.2022.
Таа сподели и неколку приказни на Инстаграм на кои се прикажани цвеќињата кои ги добила по породувањето, меѓу кои се и букети од нејзината постара полусестра Ким Кардашијан и нејзините деца.
„Честитки, Тревис, Кајли и Сторми“, стои на картичката што ѕирка од виолетовите рози. „Многу сме возбудени и многу ве сакаме. Ким, Норт, Сент, Чикаго и Псалм“.
Како што пишуваат медиумите, познато е дека Кајли родила момче, но таа сѐ уште не го потврдила тоа ниту го објавила неговото име.
Таа во септември потврди дека е бремена по многуте шпекулации, а претходно зборуваше дека сонува за големо семејство.
– Пријателите ме притискаат… Сите ја сакаат Сторми. Дефинитивно се чувствувам под притисок да ѝ родам брат или сестра, но немам некој план“, изјавила таа за „Харперс базар“ во март минатата година.
Малку подоцна, за време на гостувањето во живо на Инстаграм на нејзината најдобра пријателка Стејси Караниколау, Кајли открила:
„Сакам седум деца, но не во моментов. Бременоста не е шега, тоа е сериозна работа и е тешка. Сè уште не сум подготвена за тоа.“
Кајли Џенер е во врска со Скот од април 2017 година, со тоа што раскинаа набргу по раѓањето на малата Сторми, но многу брзо по раскинувањето се појавија шпекулации дека се повторно заедно. По појавувањето на еден семеен настан, двојката е неразделна.
ФОТО: Инстаграм