ВМРО-ДПМНЕ обвини дека градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со закани за кривични пријави е уценета да „одработува“ за владата на СДСМ.
„Повеќе од јасно е дека основан е сомнежот дека СДС ја „црпна” Арсовска и ја уцени со кривични пријави за одработува за нивните манипулации и политики. И медиумите и пошироката јавност говори за тајни средби на кои е договорено Арсовска да одработува за СДС. Се говори за готова кривична пријава која седи во фиока и за запалено возило на извршната директорка на стопанските комори, како и премолчување на сознанија со која Арсовска се компромитира за пречистителната станица. По таквите тајни средби Данела Арсовска е на чело на клептоманската новоформирана коалиција каде се обединети и уценети политичари кои мора да одработуваат за СДС. Главната задача на Арсовска е да работи за скопјани, каде граѓаните очекуваат проекти и работа“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.