Лацио им враќа пари на навивачите по скандалот во Данска
Фудбалскиот клуб Лацио одлучи да им ги врати парите на своите навивачи кои отпатуваа во Данска за да го бодрат тимот на натпреварот од второто коло од Лигата на Европа против Митиланд.
Домашниот тим убедливо со 5:1 го совлада тимот од Рим, а раководството на италијанскиот клуб најави дека на сите навивачи (вкупно 255) ќе им бидат вратени трошоците за купување билети.
Стрелец на единствениот гол за тимот од италијанската престолнина беше српскиот репрезентативец Сергеј Миликовиќ Савиќ во 57. минута.
Извор: Ritzau Scanpix преку REUTERS ВНИМАНИЕ УРЕДНИЦИ
Интересно е што сите четири клуба од групата Ф (Феенорд, Мидтиланд, Лацио и Штурм) имаат по три бода по две кола.
Во следното коло Лацио гостува во Австрија, а Митиланд го пречекува Феенорд.