Апокалиптично невреме ја зафати Италија, потопени цели населби

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најмалку 11 лица загинаа во поплавите поради обилните дождови што го погодија централниот италијански регион Марка, додека неколку лица се водат како исчезнати, меѓу кои една мајка и две деца, јави радио РАИ.

– Не беше водена бомба, туку цунами, изјави за државното радио градоначалникот на Барбара, Рикардо Пасквалини, опишувајќи ја вчерашната бура што го погоди неговиот град во регионот Марка, во близина на јадранскиот брег.

Спасувачките служби досега потврдија седум жртви од поплавите и тројца исчезнати, јавуваат агенциите.

 

 

Во Барбара исчезнала мајка и нејзината осумгодишна ќерка кои се обиделе да се спасат во поројот, изјави Пасквалини за агенцијата Анса. Уште едно дете е исчезнато до утрово.

Повеќе од 300 припадници од службите за итни случаи минувале низ вода до половината или со гумени чамци за да ги спасат граѓаните, објавувајќи на „Твитер“ дека евакуирале десетици луѓе од автомобили, покриви и дрвја. Во оддалечените места во спасувачката акција биле ангажирани и хеликоптери.

 

 

Локалните власти соопштија дека не ја очекувале ненадејната „водена бомба“, бидејќи во рок од два до три часа паднале околу 400 милиметри дожд, поплавувајќи ги улиците на неколку градови во провинциите Анкона и Пезаро-Урбино, објави Ројтерс.

На снимката може да се забележат членови на итната помош како спасуваат луѓе во чамци во крајбрежниот град Сенигалија, кој исто така беше тешко погоден, а исто така има невидени поплави во помалите градови во ридовите во близина на туристичкото место Урбино.

Градоначалниците бесни велат дека немало предупредување за опасното време, додека потрагата по исчезнатите продолжува, а се пребројуваат загинатите.

Според нив, состојбата е драматична, на места нема струја и вода, додека службите работат на расчистување на теренот.

Медиумите јавуваат дека се очекува влошување на времето во наредните денови.

Share This Article