Српскиот претседател Александар Вучиќ му го врачи Орденот на Република Србија на голем ѓердан на унгарскиот премиер Виктор Орбан за „вонредните заслуги во развојот и зајакнувањето на мирната соработка и пријателските односи меѓу двете земји“.
Вучиќ изјави дека Орбан бил со Србија, како што вели, во моментите кога било најтешко.
„Ви благодариме, господине Орбан, што секогаш ја имате на ум благосостојбата на Република Србија. Ви благодариме што најдовте сила да и помогнете на Србија да обезбеди побезбедна и потопла зима и иднина во овие тешки времиња и во овие месеци кога секој се гледа себеси. Со гордост ви го доделуваме овој медал. Се надеваме дека ова, највисокото признание што Србија може да го даде, ќе биде потсетник за унгарскиот народ и за сите наши пријатели. „А поголем пријател од Јанко од Сибин не сме имале“, вели тој.
Орбан му се заблагодари на Вучиќ за признанието, велејќи дека Унгарците и Србите имаат заедничка мисија.
„Таа заедничка работа е одбрана на јужната врата на Европа. Ова е мисија и одговорност и на Србија и на Унгарија“, рече Орбан.