Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе се сретне со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.
Средбата ќе се одржи во зградата на Генералниот секретаријат на Претседателот на Републиката, а по средбата Александар Вучиќ на Виктор Орбан ќе му го врачи Орденот на Република Србија на голем ѓердан за исклучителни заслуги во развојот и зајакнувањето на мирот соработка и пријателски односи меѓу двете земји.
По доделувањето на наградите се закажани говори на Вучиќ и Орбан.