Фон дер Лајен импресионирана од украинските воени сили

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Киев ѝ честиташе на Украина за неодамна постигнатите воени успеси во војната со Русија. Таа одржа заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави ДПА.

– Знам дека е потребна консолидација на напорите, но сепак сум импресионирана кога ја гледам храброста на украинските вооружени сили – додаде таа.

– Нивните успеси го подигнуваат духот, би рекла, не само на украинскиот народ, туку и на сите ваши пријатели – рече Фон дер Лејен.

Според неа, процесот за пристапување во Европската унија е во полн ек.

– Импресионирана сум кога ја гледам брзината, решителноста и прецизноста со која напредуваме – рече претседателката на Европската комисија.

Фон дер Лајен, која вчера пристигна во Киев на средба со Зеленски, додаде дека Европската унија мора да направи се што е во нејзина моќ за да се осигура дека ќе има „повеќе бизнис и повеќе приходи” за Украина. Таа рече дека ЕУ ќе му обезбеди на Киев 100 милиони евра за обнова на училиштата во земјата.

Зеленски на прес-конференцијата рече дека системите за противвоздушна одбрана се приоритет за неговата земја, бидејќи се обидува да ги заштити своите градови од руски воздушни напади. Тој додаде дека сѐ уште не добил позитивен одговор од Израел за можно снабдување со системи за противвоздушна одбрана.

Зеленски рече дека слични системи претходно ветени од Германија и САД сè уште не пристигнале во Украина.

Друг приоритет за Украина, како што рече, е интеграцијата на единствениот пазар на ЕУ, каде што стоките, услугите и капиталот можат слободно да се движат меѓу земјите.

- Advertisement -
Ad image

– Приоритетно прашање за нас е интеграцијата на Украина на единствениот пазар на ЕУ, бидејќи тргнавме на патот кон добивање статус на земја-членка на ЕУ – додаде Зеленски.

Share This Article