Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи денеска појасни дека скринингот е фаза на преговорите и не треба да се потценува, а притоа додаде дека договорот со Бугарија не може да се поништи.
– Ние сме ги стартувале прегоговорите на 19-ти јули и тука веќе почна одбројувањето. Кога градите куќа, најважниот дел е деталниот проект. Тоа е скринингот, деталниот проект. Компромисот беше дека некаде во тек на преговорите, да се направат уставните измени. Во текот на скринингот се утврдуваат патоказите и бенчмарковите. Ние досега сме на 45% од пренесување на европското законодавство во нашето. Тие 55% точно да се утврдат кои се. Скрининг ги утврдува акциските планови. Исходот во преговорите со Бугарија беше 3:1 за нас, рече Османи.
Министерот истакнува дека во моментов никој не е против уставните промени, како и дека референдумот не е за предлогот на Франција.
– Во суштина никој нема против уставните измени. Јас комуницирам со лица од ВМРО-ДПМНЕ. Имаме комуникација. Сметам дека ние имаме друг проблем, пред убедување на пратениците, а тоа е убедување на граѓаните. Прво референдумот не е францускиот предлог и уставните измени. Договорот со Бугарија не може да се смени и мислам дека свесно опозицијата ја помести темата на прашање што не може да се менува. Сметам дека компромисот со уставните измени, е тоа ја поместивме дебатата за човекови права. Ова е голема наша победа – истакна министерот во вестите на Тв Сител.
Според него, историјата и времето ќе покажат дека направивме стратешки добра одлука.
– Со ова Северна Македонија ги заврши егзистенцијалните предизвици. Реалниот проблем е да ги убедиме и да им објасниме на граѓаните. Ги оставивме сами жртви на домашната и надворешната пропаганда. Референдум за Договорот со Бугарија не може да има. Тој само ја префрлува обврската на граѓаните. Со референдум за Договорот со добрососедство, се руши и Охридскиот договор. Тоа покренува лавина. Тој е меѓународен договор и не може да биде поништен, ниту треба да има. Охридскиот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија се трите столбови на Македонија. Не можете да ги тргнете – потенцира шефот на македонската дипломатија.