Европратениците со осуда кон Унгарија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Европскиот парламент денеска ги осуди „намерните и систематски напори на унгарската Влада“ за поткопување на европските вредности и побара од Брисел резултати од постапката што според членот 7 од Договорот за ЕУ се води против Будимпешта.

Отуството решителна акција на ЕУ придонело за појава на „хибриден режим на изборна автократија“ односно уставен систем во кој се одржуваат избори, но не се почитуваат демократските норми и стандарди, наведуваат европратениците во Извештајот за состојбата на демократијата во Унгарија.

За документот гласаа 433 европратеници, 123 беа против, а 28 беа воздржани.

Во Извештајот се наведува дека во Унгарија од 2018 година дополнително се влошила состојбата на вредностите, вклучително и демократијата и основните права преку „намерни и систематски напори на унгарската Влада“ заедно со слабата реакција на ЕУ.

Европарламентот уште соопшти дека жали поради неуспехот Советот да постигне значителен напредок во борбата против опаѓањето на демократијата во Унгарија.

Европратениците истакнуваат дека Членот 7 не условува едногласност кај членките во идентификувањето јасни ризици од сериозно кршење на вредностите на ЕУ, ниту пак дава конкретни препораки и рокови. Тие исто така ценат дека натамошното одложување на акција по Членот 7 за заштита на демократските вредности во Унгарија би претставувало кршење на принципот на владеење на правото од страна на самиот Совет.

Европратениците бараат од Европската комисија целосно да ги искористи сите алатки со кои располага, особено условувањето на буџетските грантови.

Во време кога вредностите на ЕУ се особено загрозени поради војната на Русија во Украина и нејзините дејствија против Унијата, европратениците ја повикуваат Комисијата да се воздржи од одобрување средства за Унгарија од фондовите додека земјата не ги исполни релевантните препораки на Европскиот семестар и не ги спроведе соодветните пресуди на Судот на правдата на ЕУ и Европскиот суд за човекови права.

Европратениците, исто така, бараат Комисијата да ја исклучи Унгарија од финансирањето преку програмите за кохезија што овозможуваат злоупотреба на фондовите на ЕУ, како и построга примена на прописите за да се справи со злоупотребата на средствата за политички причини.

- Advertisement -
Ad image

Четири години по покренувањето процес против Будимпешта по Членот 7, европратениците остануваат загрижени за неколку политички области поврзани со демократијата и основните права во Унгарија. Конкретно, загриженоста се однесува на функционирањето на уставниот и изборниот систем, корупцијата и судирот на интереси, слободата на изразување, вклучително и медиумскиот плурализам.

Како проблематични се посочени и прашањата за академската слобода, верската слобода, слободата на изразување, правото на еднаков третман, вклучително и ЛГБТ-правата, правата на малцинствата, како и на мигрантите, барателите на азил и бегалците.

„Заклучокот од извештајот е јасен и неотповиклив: Унгарија не е демократија…Ова треба да биде аларм за Советот и Комисијата“, рече известувачот за ова прашање, Гвендолин Делбос-Корфилд.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article