Пелетите, кои моментално се најбарани, речиси и ги нема во складиштата во Скопје

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пелетите, кои моментално се најбарани, речиси и ги нема во складиштата во Скопје. Трговците велат дека поради високата цена на струјата, побарувачката за ова огревно дрво драстично е зголемена, а многу тешко се набавува, бидејќи земјите од регионот го забранија извозот, а од Туркије увозот оди со застои.

И покрај ваквата состојба, граѓаните годинава се жалат на високите цени на овој вид огрев. Цената му порасна уште во летниот период, кога многумина побрзаа да се снабдат со пелети за зимата која следи. Тогаш цените скокнаа за 100 отсто, а есенва дополнително се зголемија поради недостигот на пазарот.

Пелетите главно се увезуваат. Домашното производство не ги задоволува потребите, а зависи и од увоз на дрво, кое пак е поскапо од лани. Во земјава функционира само еден производител на пелети, кој дневно произведува по 40 до 50 тони, што е далеку од потребното. За задоволување на пазарот во земјава, според познавачите, потребно е да се инвестира во најмалку 5 вакви производни капацитети. Владата неодамна забрани извоз на дрво и пелети од земјава до крајот на годинава.

За граѓаните што се греат на пелети годинава нема субвенции, па сега многумина се мислам дали да продолжат да се греат на овој енергенс или да преминат на струја.

Последната цена на пелетите во трговските објекти беше од 389 до 500 денари за вреќа, зависно од тоа кој е трговецот и од каде го обезбедува производот.

– Годинава цената е висока. Уште од лето двојно ги зголемија цените на пелетите. Есенва стасаа и до 450 денари за вреќа, а сега, на еден месец пред почеток на грејната сезона, резервите се продаваат и по цена од 500 денари за вреќа. Лани цената беше од 150 до 190 денари. Замислете, ако греете куќа од 200 квадратни метри, а најчесто на овој енергенс се греат семејствата кои имаат куќи, ќе треба да купите најмалку 6 тони пелети, што значи дека за 420 вреќи ќе треба да платите околу 2.600 евра, но по најниската цена. Тоа воопшто не е исплатливо. Поарно да се стуткаме во една или две соби и да се топлиме со инвертер, можеби ќе биде поевтино – вели граѓанин кој се грее на пелети.

Граѓаните тврдат дека некои од трговците ги чуваа резервите до сега за да ги продаваат по повисока цена еден месец пред грејната сезона.

Трговците пак велат дека интерес кај граѓаните за купување пелети има, но недостигот не е поради трупање резерви туку поради увозот кој главно оди од Туркије, бидејќи земјите од регионот уште од почетокот на летото забранија извоз на пелети.

– Пелети на лагер нема. Она што го имаме на резерва е продадено и се чекаат купувачите да ги подигнат количините. Очекуваме да пристигне нова набавка од Туркије, но не знаеме кога ќе стигне. Есенва цената на пелетите е 389 до 400 денари вреќа зависно од квалитетот на производот и земјата од каде што се увезува. Откако соседните земји забранија извоз, единствена земја за увоз е Туркије – вели трговец со пелети.

- Advertisement -
Ad image

Според него, пелети во продажба нема ни во Србија, а во Босна и Херцеговина цената на тон пораснала на 650 евра. Според податоците презентирани во медиумите во Србија, цената на пелетите се движи од 150 до 280 евра за тон, а во Црна Гора 280 евра за тон. И двете земји имаат забрана за извоз до задоволување на домашните потреби. Во Босна и Херцеговина владее хаос со цените. Производителите трупаат резерви во очекување да се овозможи извоз, а трговците ги зголемија цените, бидејќи нема од каде да ги набават потребните количини.

ПОБАРАЈТЕ ПЕЛЕТИ НА ФЕЈСБУК, МОЖЕБИ ЌЕ НАЈДЕТЕ…

Официјално, околу 9 отсто од домаќинствата во земјава се греат на пелети или брикети. Голем број од нив преминаа на ваков вид греење поради субвенциите што ги даваа општините и исплатливоста, но дали и колку од нив поради високата цени годинава веќе преминале на друг вид греење, не се знае.

Интересно е дека има и граѓани кои го користат овој недостиг па самите произведуваат пелети и ги нудат преку социјалните мрежи. И нивната цена е скоро иста со онаа на трговците.

Share This Article