More

    Шведската социјалдемократска премиерка Магдалена Андерсон даде оставка, голем удар за Социјалдемократите

    spot_img

    Шведската социјалдемократска премиерка Магдалена Андерсон денеска поднесе оставка по поразот на парламентарните избори, на кои десничарскиот блок освои тесно мнозинство. Таа беше победена од четирипартиски десничарски блок составен од Шведските демократи, Умерената партија, Демохристијаните и Либералите. Со оставката Андерсон нема да се обиде да формира влада иако го имаше правото на тоа.

    Останува на десничарските партии да ја формираат владата. Најголемата од нив, Партијата на шведските демократи е родена од неонацистичкото движење на крајот на 1980-тите, но полека стана посилна додека се обидуваше да го полира својот имиџ.

    Ова е голем удар за Социјалдемократите кои доминираат во Шведска уште од 1930-тите години.

    Андерсон се состана со Андреас Норлен, претседател на шведскиот Парламент –Риксад, што брои 349 членови, за официјално да му ја предаде оставката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img