Во недостиг од војници кои би можел да ги мобилизира Кремљ излегува со нова тактика во војната во Украина. Видео од главниот финансиер на озлогласената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин како врбува група затвореници да учествуваат во војната, ветувајќи им слобода по шест месеци се прошири по медиумите.
„Никој не се враќа назад зад решетки. Ако добро служите во следните шест месеци, слободни сте. Ако пристигнете во Украина и решите дека ова не е за вас, тогаш ќе ве ликвидираме“.
Овој метод на ликвидирање на луѓето кои не сакаат да се борат го користел Сталин во Втората светска војна, кога Црвената Армија морала да покаже отпор кон нацистите и да направи пресврт во војната. Според еден руски блогер, ако Кремљ сега ја примени оваа тактика, тоа би довело до големи немири во Русија, пишува Б92.
Се вели дека финансиерот на „Вагнер“, Пригожин, е доверлив човек на Путин, а неговиот однос со воените блогери може да помогне да се одржи поддршката на тие воени блогери за воените напори на Кремљ. Тој е етаблиран како заштитно лице на руската „специјална воена операција“ во Украина, пишуваат западните медиуми.
Познат руски блогер истакна дека Пригожин воведува „сталинистички“ метод кој му овозможува на Кремљ да избегне наредба за општа мобилизација што може да предизвика социјални тензии во руското општество, пишувахрватски Индекс.
Инаку, воените блогери постојано го фалат успехот на Пригожин во Украина, а некои дури велеа дека тој треба да го смени рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кого блогерите и експертите од Кремљ го обвинуваат за поразот на Русија околу регионот Харков.
Познатиот руски воен дописник и блогер Максим Фомин (алијас Владлен Татарски) тврди дека разговарал со Пригожин за ситуацијата на украинско-руската граница по повлекувањето на руските сили од областа.
Средбата Пригожин-Фомин, доколку се случи, може да значи дека Кремљ се обидува да одговори на повеќемесечните поплаки на блогерите дека руското Министерство за одбрана не ги слушало нивните критики кои го истакнуваат неуспехот на руската висока команда.