Неработната недела останува

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Уставниот суд денеска ја одржа 23. седница, на која реши да не поведе постапка за иницијативата за испитување на уставноста на законското решение за работа во недела, иако таа беше на дневен ред.

Уставниот суд не донесе одлука за овој предмет поради недоволно мнозинство гласови, односно еден од судиите на јавната расправа се изјасни дека нема да го поддржи рефератот. Предлогот на овој предмет гласеше „да не се поведе постапка”, што значи Законот да остане во правниот поредок, односно недела да остане неработен ден, освен во дејностите за кои е исклучок и кои се предвидени со овој закон“ – соопшти Судот.

Уставниот суд работи со вкупно пет судии од предвидени девет според Уставот, а за одлучување се потребни најмалку петмина, колку што се вкупно судии во моментов.

Share This Article