More

    Кралот е во обиколка на нацијата која тагува по неговата мајка

    spot_img

    Кралот Чарлс денеска пристигна во Северна Ирска во рамки на обиколката на четирите делови на Обединетото Кралство, предводејќи ја нацијата која тагува по својата почината кралица Елизабета Втора.

    Тој пристигна во Северна Ирска од Шкотска, каде ја придружуваше поворката со ковчегот на кралицата пеш од замокот Единбург до катедралата Свети Егидио.

    Луѓето со часови во текот на ноќта чекаа во редици пред катедралата во Единбург за да се простат од кралицата, некои со заспани деца во нивните раце.

    Елизабета почина во четвртокот во замокот Балморал во шкотските висорамнини на 96-годишна возраст, по повеќе од седумдеценско владеење.

    Предвидено е ковчегот со посмртните останки на кралицата вечерва да бидат префрлени во Лондон, каде наредните четири дена граѓаните ќе можат да се простат од кралицата Елизабета Втора.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img