Денеска на 81 годишна возраст во Белград почина легендарниот југословенски композитор и музичар Корнелије Ковач.
Ковач беше автор на некои од најголемите хитови на најголемата музичка ѕвезда од екс Југославија, Здравко Чолиќ.
Тој бил композитор, пијанист и аранжер, а пишувал музика за театар, филмови и телевизија. Ковач ја составил својата прва композиција „Пусти тротоари“ веќе на 14-годишна возраст (во 1956 година). Десет години подоцна, тој стана член на најпопуларниот сараевски рок бенд Индекс. Потоа во 1968 година ја основал групата Корни, која ја претставувала СФР Југославија на Евровизија во 1974 година.
Ковач ќе остане запаметен по хитовите: „Април во Белград“, „Живееш во облаци“, „Ја викав Емили“, „Една зима со Кристина“, „Једина“, „Маѓарица“, „Ти само биди доволно далеку “, „Јанош“, „Сонувам“, „Ситније Цила, тиње“ и многу други.
Корнелије Ковач беше татко на три ќерки Александра, Кристина и Ања и син кој го доби во вториот брак по смртта на првата сопруга Споменка.