По ноќта во која имаше размена на оган по целата граница, азербејџанските медиуми објавија дека Баку и Ереван се договориле за прекин на огнот денеска од 09 часот по локално време, пренесе Спутник, повикувајќи се на свои извори, пренесува руската агенција.
Во текот на ноќта дојде до вооружени судири на ерменско-азербејџанската граница, а страните меѓусебно се обвинуваат дека започнале нова ескалација. Двете страни пријавиле жртви меѓу припадниците на нивната армија, пренесува РИА Новости.
Ентони Блинкен, државниот секретар на САД, изјави дека Америка е длабоко загрижена за конфликтот на границата меѓу Ерменија и Азербејџан и ги повикуваат страните веднаш да го прекинат огнот.