Руските сили денеска извршија пет ракетни напади, повеќе од 10 воздушни напади и над 20 напади од ракетни системи против воени и цивилни цели во Украина, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.
– Руските окупатори продолжуваат со својата тактика на терор и заплашување на цивилното население на Украина – објавија официјални лица на Фејсбук страницата на Генералштабот.
– Не можејќи да одговорат на бојното поле, руските војници повторно ја погодија критичната инфраструктура на мирните украински градови со проектили – се додава.