Драмски театар беше гостин на фестивал во Ниш

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Драмски театар – Скопје на театарскиот фестивал „Театар на крстопат“ (Театар на раскршќу) во Ниш освои две престижни награди, награда за најдобра претстава и награда за режија.

Како што соопшти Драмски театар наградата за најдобра претстава „My Name Is Goran Stefanovski“ – „Се викам Горан Стефановски“, која се одржа на 10 септември, ја доделува жирито на тркалезната маса на критика, додека наградата за режија ја доделува Стручното жири на Фестивалот. Наградите на фестивалот ќе бидат врачени вечер, на свеченост по повод затворањето на третото издание на Фестивалот.

Ова е трето меѓународно гостување на „Се викам Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ. Драмски театар годинава имаше забележителни изведби на оваа претстава и на гостувањата на ревијалниот фестивал „РУТА“ во Подгорица и на 56-то издание на „Стериино позорје“ во Нови Сад.

Народниот театар од Ниш беше домаќин на шест театарски ансамбли од регионот што учествуваа во натпреварувачкиот дел. Во текот на фестивалската недела се оддржаа многубројни промоции, тркалезни маси и работилници со цел да се иницираат копродукциски соработки за афирмација на сличностите и разликите на културниот идентитет на театарската сцена во регионот.

Драматург на претставата „Се викам Горан Стефановски“ е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во периодот од 1987 до 2021 година („Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“)

Сценограф на претставата е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.

Share This Article