Кадиров: Руската војска направила грешки кај Харков и нешто треба брзо да се смени

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Руската војска направила грешки кај Харков и нешто треба брзо да се смени. Вака вели Рамзан Кадиров, сојузникот на Путин и лидер на чеченците во видеопорака, јавува Мондо. Тој го критикуваше Кремљ за загубите кои ги имаше руската војска на североисток, додека Украинците напредуваат и се фалат дека вратиле над 2.000 квадратни километри територија.

– Тие (Русите) направија грешки и мислам дека ќе мора да ги донесат потребните заклучоци – рече Кадиров на својот канал на Телеграм и додаде:

– Доколку нема промени во стратегијата денеска или утре, ќе бидам принуден да разговарам со раководството на Министерството за одбрана и со раководството на земјата за да им ја објаснам реалната состојба на теренот. Тоа е многу интересна ситуација. Би рекол дека е зачудувачки –  рече Кадиров, пренесува „Гардијан“.

Share This Article