More

    Ковид-19 и војната во Украина ја нарушија дисциплината во трошење на пари

    spot_img

    Министрите за финансии на Европската унија денеска во Прага разговараа за различни пристапи за реформирање на заедничките буџетски правила на блокот.

    Вообичаено строгите правила за долг и дефицит на ЕУ во голема мера се суспендирани откако пандемијата на ковид-19 поттикна дури и штедливи земји како Германија да преземат големи суми на јавниот долг, јави ДПА.

    – Правилата мора да бидат јасни и мора да се спроведуваат. Тоа значи дека треба да бидат реални – рече чешкиот министер за финансии Збинек Станјура, кој претседаваше со разговорите, додавајќи дека ставовите меѓу земјите на ЕУ сè уште се разликуваат.

    ЕУ планира да се врати на буџетската дисциплина од 2024 година, но војната во Украина, променетите геополитички и економски изгледи и големите инвестиции потребни за борба против климатските промени го поставуваат прашањето како треба да изгледаат идните правила.

    Еврокомесарот за економија Паоло Џентилони претходно оваа недела рече дека би можел да предвиди членките на ЕУ да подготват среднорочни фискални планови кои ќе овозможат поголема флексибилност за тоа колку брзо да се достигне одржливо ниво на долг, земајќи ги предвид потребните инвестиции.

    – Берлин би бил подготвен да дозволи одредена слобода на краток рок, доколку јавниот долг сигурно се намали на долг рок – изјави во Прага германскиот министер за финансии Кристијан Линднер.

    Линднер во минатото рече дека сака да се држи до сега суспендираните долгорочни правила на Пактот за стабилност и раст на ЕУ, кои ги обврзуваат земјите-членки да не преземаат повеќе од 60 проценти од нивното економско производство во долгови и ограничување на буџетскиот дефицит на 3 отсто од бруто домашниот производ (БДП).

    Европската комисија се очекува да го претстави својот предлог за законодавни реформи следниот месец, што ќе биде основа за дискусија меѓу министрите за финансии на ЕУ за да се договорат заедничките идни правила.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img