Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе се одржи на 19 септември (понеделник) во Вестминстерската опатија во Лондон, потврди Бакингемската палата.
Пред државниот погреб, телото ќе лежи во Вестминстерската сала четири дена, па јавноста може да му оддаде почит.
Британскиот крал Чарлс Трети го прогласи денот кога неговата мајка Елизабета ќе биде погребана за државен празник, пренесува АП.
Чарлс ја одобри одлуката по денешната церемонија на крунисување.
Училиштата нема да бидат отворени тој ден, а повеќето бизниси ќе бидат затворени.
Кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот на 96-годишна возраст во замокот Балморал во Шкотска.