More

    Земјава брзо ќе го заврши реконструирањето на граничниот премин Клепало

    spot_img

    Министерството за транспорт и врски е подготвено да ги направи сите завршни реконструкции и рехабилитации на нашиот дел  за да се влезе во фаза на конечно отворање на граничен премин Клепало, но се чека на бугарска страна, изјави денеска  министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во Пехчево.

    – Работиме заеднички, бидејќи тоа е проект на две држави и мора меѓународно да се решава. Таму сега се во процес новите избори во Бугарија. По изборот на новата влада секако ќе продолжиме со соработка со бугарската страна со цел да направиме уште еден граничен премин за поврзување за граѓаните и развој на овој регион и Берово и Пехчево и на сите останати населени места –  рече Бочварски.

    Тој рече дека по средбата со министерот за регионален развој на Бугарија под којшто спаѓа патната инфраструктура во Бугарија, констатирано е дека за придвижување на работите на потег е бугарската страна, од каде бил информиран дека веќе се работи на сите студии за заштита на животната средина, по што ќе се влезе во реализација на патниот правец до граничниот премин од бугарска страна.

    Според него, граничниот премин  Клепало е многу значаен граничен премин за целиот регион за што како Министерството апсолутно ја даваат поддршката за реализација на проектот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img