Длабока почит и поклон за Дамјан Груев, пред неговото спомен обележје во славното Смилево. Груев, еден од најголемите синови на Македонија и човек кој животот го посветил на ВМРО и каузата, и тоа на денот кога се бележи независноста на нашата татковина Македонија, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„На Македонија ѝ треба нов 8 Септември, нова надеж, национално и сеопштествено обединување околу заложбата за подобра иднина, и зачуван идентитет. Слава на хероите кои ги положија животите за нашата слобода и независност“, напиша Мицкоски.