Со натпреварите од првото коло во групите Е, Ф, Г и Х, вечерва ќе биде отворена новата сезоната во Лигата на шампиони.
Во групата Е од 18:45 часот во Загреб ќе играат Динамо и Челзи, додека вториот дуел во истата група е на програмата од 21 часот меѓу Салцбург и Милан.
Според најавите, македонските
Двата натпревари во групата Ф почнуваат во 21 часот, а Лајпциг е домаќин на Шахтјор, додека Селтик го пречекува бранителот на трофејот Реал Мадрид.
Борусија во Дортмунд во рамки на групата Г од 18:45 ќе биде домаќин на Копенхаген, додека во истата група во терминот од 21 часот ќе играат Севиља и Манчестер сити.
Дербито на вечерта се игра во Париз од 21 часот меѓу ПСЖ и Јувентус, додека во истиот термин воведното коло во групата Х ќе го комплетираат Бенфика и Макаби Хаифа.