Ковачевски тврди дека владиниот план не предвидува ограничувања

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На прашањето дали поради енергетската криза во иднина се размислува за рестрикции и дали некој ќе понесе одговорност за апсолутно застарената опрема на капацитетите кои произведуваат електрична енергија, премиерот Димитар Ковачевски оценува дека овој план кој е направен е конципиран со цел да нема рестрикции.

– Во моментов за целиот регулиран пазар ЕСМ испорачува енергија од сопствено производство, за сите домаќинства и сите мали потрошувачи и не правиме ниту еден ват увоз за таа намена. Во однос на капацитетите, во нашата земја не е инвестирано во големи енергетски капацитети од денот на нејзината независност. Единствено се направени ветерници кои не произведуваат базна енергија и хидроцентрали кои се користат за обезбедување на баланс на енергија, затоа што акумулациите се на 50% заради климатските промени и сушата. Овој план исто така има и финансиска димензија, што значи дека државата ќе треба да обезбеди ликвидни средства за електро енергетскиот сектор со цел да бидат обезбедени авансните плаќања, бидејќи во моментов на електро енергетските пазари сè се плаќа авансно, заради недостаток на ресурсите. Сето ова е со цел договарање и стартирање на 24 часовно производство на електрична и топлинска енергија во ТЕ-ТО како и за обезбедување на суровини за производство на електрична енергија во РЕК Битола, Осломеј и ТЕЦ Неготино – истакна Ковачевски.

Share This Article