Децата на Новак и Јелена не дуваат свеќички за роденден

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Додека тенисерот Новак Ѓоковиќ соборува светски рекорди во тенис, неговата сопруга Јелена им е посветена на нивните деца Стефан и Тара.

Воспитувањето и образованието на малечките им е прв приоритет, па сопругата на еден од најдобрите српски тенисери на сите времиња, открива дека една писателка целосно ѝ ги променила нејзините погледи за родителството. Затоа, меѓу другото, децата не дуваат свеќички за роденден…
Станува збор за д-р Шафали Сабари, популарен стручњак за родителство. Авторка е на книгата „Свесни родители“ и се обидува да ја спои западната наука со источната филозофија.

– Грст прекрасни спомени за петте години на Тара! Здрави сме и заедно сме, што повеќе да посака еден човек – напиша Јелена на својот инстаграм профил покрај објавените фотографии од прославата на петтиот роденден на малата Тара.

Правилата и принципите на д-р Шафали за родителството се прифаќаат од многу луѓе ширум цел свет.

Share This Article