Во 11:10 часот укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичевo преку планинскиот превој Стража.
Денес од 14:10 часот, укината е забраната за движење на ТМВ на патниот правец Ресен-Битола, превој „Ѓавато“ и обратно.
Од АСМС информираат дека денеска од 10:35 часот укината е и забрана за движење на ТМВ на патниот правец Охрид – Кичево, превој Пресека и обратно.
Сепак, останува забраната за товарните возила на правецот Маврово-Дебар, која беше воведена во 00:40 часот.