Пејачката Ријана го воодушеви персоналот во ресторан со ѕвезда на Мишелин во Њујорк кога им помогна да ја расчистат масата по вечерата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пејачката Ријана го воодушеви персоналот во ресторан со ѕвезда на Мишелин во Њујорк кога им помогна да ја расчистат масата по вечерата.

Пејачката го посетила луксузниот ресторан „Caviar Russe“ со шест пријатели и побарала од персоналот да остане подолго за да ужива во кавијарот и шампањот на мир, а наводно во ресторанот останала до 2 часот по полноќ.

„Кога завршија со вечерата, пејачката им помогна на келнерите да средат и да ги вратат барските столови на место, бидејќи останала толку долго“, изјави извор за „Пејџ сикс“. Новопечената мајка за излегувањето носела широки фармерки, предимензиониран дрес на „Ноу лимит рекордс“, високи потпетици со врвки и накит од „Тифани и компани“.

Пејачката неодамна стана најмладата жена на листата на „Форбс“ на 100 најбогати Американки кои сами го заработиле своето богатство. На листата се најдоа бројни успешни претприемачки, извршни директорки и жени од светот на шоубизот, а Ријана го зазеде високото 21 место.

Богатството на Ријана се проценува на 1,4 милијарди долари, а главни извори на приходи се заработката од музика и козметика. Ријана е косопственик на козметичката линија „Фенти бјути“, од која доаѓа најголемиот дел од приходите на пејачката. Исто така, „Форбс“ наведува дека Ријана има 30 отсто удел во брендот „Саваж х фенти“, што исто така ѝ носи многу пари.

ФОТО: Твитер/Инстаграм

Share This Article