Бразилскиот фудбалер се сели во Грција

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бразилскиот фудбалер Марсело потпиша договор со грчки Олимпијакос откако го напушти Реал Мадрид во текот на сезоната, објави грчкиот фудбалски шампион.

Олимпијакос не откри детали од договорот, а грчките медиуми јавија дека 34-годишниот поранешен бразилски фудбалер потпишал едногодишен договор со опција за продолжување на соработката за уште една година.

Марсело го напушти Реал како играч со најмногу освоени трофеи во 120-годишната историја на Кралскиот клуб, дури 25, од кои пет титули во Лигата на шампиони.

Опција за левата бековска позиција во Олимпијакос претходно беше и македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, кој потпиша за турски Фенербахче.

Share This Article